Се појави страшна слика: Бегајте од вакви компири како ѓавол од темјан

Компирот е една од најраспространетите и најважни намирници во светот. Иако потекнува од Јужна Америка, денес се одгледува речиси насекаде благодарение на својата издржливост и висока нутритивна вредност.

Богат е со јаглехидрати, витамин Ц, калиум и растителни влакна, а се подготвува на безброј начини-варен, печен, пржен или како состојка во традиционални јадења. Поради пристапната цена, достапноста и разновидната примена, компирот е незаменлив во многу кујни низ светот. Го обожуваат и луѓето во Македонија, па е речиси секојдневен дел од трпезата.

Секогаш е подобро домашно

Цената на компирот варира во зависност од местото и сезоната, па може да биде евтин, но и прилично скап. Сепак, многумина советуваат-кога станува збор за компир, домашното производство често е најдобар избор. Во Македонија особено се цени беровскиот компир.

Се случува компирот да биде со чуден облик или со необичен изглед. Токму таков пример се појави на Редит кога корисничка објави две фотографии од компир што изгледа како да е „притиснат“ или „запечатен“. Тоа покрена голема расправа и многубројни теории во коментарите.

Што вели струката?

Еден корисник објасни дека станува збор за мека гнилост, предизвикана од заразени лентикели (мали пори на површината на компирот). „Розевото е затоа што оксидира. Веројатно компирите биле измиени и спакувани додека сè уште биле влажни“, напиша тој додавајќи дека работи во индустријата и дека годишно учествува во пакување компири во вредност од околу осум милиони евра.

Хуморот не изостана, па друг корисник веднаш му одговори: „Ти си ја мразиш работата, ама мене ми е мило што знаеш сѐ за компирите“.

Од шега до сериозни предупредувања

Расправата доби мрачен тон кога корисниците предупредија дека испарувањата од гнил компир можат да бидат опасни, па дури и смртоносни.

Една жена сподели језива вистинска приказна, искуство од детството.

„Ќе сакав моите родители да го знаеја тоа пред да ме пратат да чистам гнили компири во ладна остава кога имав 12 години“.

Потоа беше спомената и вистинска семејна трагедија.

„Таткото слегол во подрумот да провери што се случува. Не се вратил. Мајката го пратила детето да провери, и на крај целото семејство влегло во подрумот-починале поради отровните испарувања од гнилите компири. Преживеало само едно дете, затоа што ги оставило вратите отворени“.

Следни Објави

Секој ден плачел: Македонскиот пејач си ја отвори душата

Ѓоко Јовиќ искрено проговори за животот пред да стане познат. Популарниот пејач гостуваше во ТВ-магазинот „Животна приказна“ и си ја отвори душата како никогаш досега. „Јас секој ден сум плачел. Не ми се одеше на тутун, ама никогаш. Мајка ми уште пред да влезе во соба или татко ми да […]