Троши струја како фрижидер и кога не работи: Поради овој уред плаќате огромна сметка!

Ако ви се чини дека сметката за струја постојано ви расте, не сте единствени. Експертите тврдат дека за тоа често постои еден скриен виновник – уред што сите го имаме, но речиси никогаш не го исклучуваме.

Уред што работи 24/7

Додека повеќето луѓе меѓу најголемите потрошувачи ги вбројуваат фрижидерот, бојлерот или климата, електричарите предупредуваат на неочекуван потрошувач – Wi-Fi рутерот. Иако се смета дека рутерот троши минимално, тој работи непрекинато, 24 часа дневно, што значи дека постојано троши струја, дури и кога интернетот активно не го користите. Многу модели немаат опција за автоматско гасење или премин во „sleep“ режим, па практично работат без престан.

Може да ја удвои потрошувачката на струја

Според податоците на германската Агенција за заштита на животната средина (UBA), рутерите кои работат деноноќно можат да ја удвојат нивната месечна потрошувачка. Ако користите телефонска линија преку рутер, се препорачува да набавите модел кој барем може да го исклучи Wi-Fi сигналот во текот на ноќта.

Колку чини рутерот на годишно ниво?

Просечен Wi-Fi рутер годишно троши струја во вредност од околу 500 денари. За споредба, нов енергетски ефикасен фрижидер троши околу 900 денари. Меѓутоа, ако имате куќа или поголем стан и користите два или три рутери, нивната вкупна потрошувачка може да биде поголема од онаа на фрижидерот, и тоа сосема незабележливо.

Како да ја намалите потрошувачката?

Ако вашиот рутер нема опција за автоматско гасење, едноставно исклучувајте го рачно секоја вечер. Оваа мала навика може да донесе заштеди од неколку илјади денари годишно, особено во поголеми домаќинства.

Следни Објави

Сериозна онколошка дијагноза: Прва исповед на Марина за болеста

Марина Дојчиновска првпат искрено проговори за болеста. Поранешната ТВ-водителка, која сега е претприемачка, гостуваше во новата епизода на емисијата „Кафе муабети“. Таа се присети на најтешкиот период во животот кога се соочила со сериозна онколошка дијагноза. Како што самата вели, станува збор за многу подла болест, која не се манифестира […]