Сериозна онколошка дијагноза: Прва исповед на Марина за болеста

Марина Дојчиновска првпат искрено проговори за болеста.

Поранешната ТВ-водителка, која сега е претприемачка, гостуваше во новата епизода на емисијата „Кафе муабети“. Таа се присети на најтешкиот период во животот кога се соочила со сериозна онколошка дијагноза.

Како што самата вели, станува збор за многу подла болест, која не се манифестира додека не земе замав.

На самиот почеток од својата животна битка, во својот третман ги вклучила златните капки. За нив слушнала благодарение на нејзиното патување во Хунза, а ги добила откако се вратила, па нејзините пријатели од овој народ ѝ ги испратиле бидејќи верувале дека тоа ќе и помогне, пишува порталот „Гламур“.

Станува збор за капки направени од масло од кајсија, но не било какви, туку природни кои растат на Хималаите.

Дојчиновска пред неколку години проговори и за љубовта со докажаниот музичар Горан Алачки.

Тогаш кажа дека се сретнале двајца страсни светски патувачи, меѓу две патувања во Скопје.

Следни Објави

Речиси секој дом во Југославија ја имаше оваа чинија, а денес вреди вистинско богатство! Проверете дали некаде сте ја затуриле

На интернет се’ почесто се појавуваат предмети кои некогаш за секој Југословен имаа многу поголема вредност од обичен украс. Раскошната кристална пепељара, Вилеровите гоблени, регалот од под до таван, сетот садови што се користел само за посебни прилики како Нова година или Денот на Републиката, чинијата со ликовите на Дизни […]