Речиси секој дом во Југославија ја имаше оваа чинија, а денес вреди вистинско богатство! Проверете дали некаде сте ја затуриле

На интернет се’ почесто се појавуваат предмети кои некогаш за секој Југословен имаа многу поголема вредност од обичен украс.

Раскошната кристална пепељара, Вилеровите гоблени, регалот од под до таван, сетот садови што се користел само за посебни прилики како Нова година или Денот на Републиката, чинијата со ликовите на Дизни – кој и да растел во кој било дел од поранешна Југославија, речиси сигурно имал барем дел од ова. Денес, овие предмети можеби им изгледаат смешни на помладите генерации, но тие носат посебна вредност.

Особена привлечност имаат кристалните и стаклените изработки на мајсторите од „Стекларна Храстник“, кои некогаш биле ценети и надвор од границите на земјата, па дури и во Чехословачка.

Во многу домови, од Вардар до Триглав, предметите од оваа фабрика беа задолжителен дел од ентериерот. Денес останаа само спомените и понекој примерок што не завршил на бувљак, во музеј или во оглас. Меѓу нив особено се издвојува декоративната чинија во арт-деко стил со рачки во облик на гулаби.

Еден од најубавите примероци денес се продава за 340 долари на сајтот earlybird.com. Како што пишува во описот, чинијата е произведена помеѓу 1930 и 1939 година. Слични модели се изработувале и подоцна – секој дом што држел до себе имал ист или сличен примерок во различни бои. Тоа е вистинско уметничко задоволство, автентично и ретко, сведоштво за времето кога југословенскиот дизајн одел рамо до рамо со светските трендови.

„Стекларна Храстник“ е основана во 1860 година во истоименото место во Словенија, на брегот на Сава. Во осумдесеттите години од минатиот век, фабриката покривала 80% од потребите на Југославија за стакло во домаќинствата и угостителството, како и 90% од потребите за мала амбалажа во фармацевтската индустрија, козметиката и прехранбената индустрија. Не е ни чудо што нивните производи се сметале за врвен квалитет.

Следни Објави

„Го зеде без прашање“: Сузана Турунџиева конечно ја откри вистината за првиот сопруг

Пред да се омажи, Сузана Турунџиева наишла на чудни реакции. Познатата пејачка, водителка и писателка на оваа тема си ја отвори душата во емисијата „Нешто конкретно“. „Ми велеа, како сега ти одеднаш, така кратка врска, па уште ќе се омажиш кој што е десет години помлад од тебе, па и […]