Со денови се мачел, па ја откри вистината: Давид од Скопје крена прашина во „Ѕвездите на Гранд“

Давид Гиевски (29) од Скопје се претстави на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ со песни од Саша Матиќ и Милиграм, а неговиот настап го заврши со резултат пет спрема два во негова корист.

Гиевски веднаш призна дека со денови мака мачел со висока температура и дека сè уште има проблем со гласните жици и рапавоста.

Ѓорѓе Давид прв го коментираше настапот на својот имењак.

„Мора овде многу работа и дисциплина. Имаше многу малку грешки како Македонец што пее на српски, но гласот ти е моментално вон употреба“, му порача рокерот.

Милиграм му даде глас на Давид меѓу првите, бидејќи, како што кажа, многу му се допаднало како звучел во неговата песна „21. век“.

„Тоа е тешко бидејќи има многу ниски тонови, а ти го изведе рефренот фантастично. Првата песна на Саша Матиќ не е за тебе. Она што е важно кај тебе, уште на првата песна веднаш го препознав изведувачот кој секој нареден пат ќе биде подобар, тоа си ти, и тоа заслужува глас“, кажа Мили.

Кеба и Дара беа единствените членови на жирито кои му дадоа паник тастер на Гиевски, бидејќи очигледно не им се допаднала изведбата.

„Ми делуваше како да немаш искуство, иако имаш 29 години. Беше неискусно, аматерски, а втората песна – не мора да „загребеш“ како Тифа, може и со „драјв“ да се отпее таа песна, не мора да асоцира на Тифа. Мислам дека можеш подобро, ти посакувам среќа“, му порача Кеба.

Следни Објави

Живот полн пресврти: Цеце од Куманово останала вдовица на 26, вториот брак кратко ѝ траел

Светлана Николиќ Цеца е родена во Куманово, од мајка Кумановка и татко од Јагодина. Поради воениот рок на татка си, дел од детството го поминала во Врање, каде што завршила основно музичко училиште. Токму тогаш започнала да свири хармоника и да пее. Станала дел од еден хор, каде што ја […]