Пред да се омажи, Сузана Турунџиева наишла на чудни реакции.
Познатата пејачка, водителка и писателка на оваа тема си ја отвори душата во емисијата „Нешто конкретно“.
„Ми велеа, како сега ти одеднаш, така кратка врска, па уште ќе се омажиш кој што е десет години помлад од тебе, па и згора на се па и јас тотално неинформирана, несвесна дека тој човек за кого се омажив ќе го зеде и моето презиме без да ме праша. Сам ми го зеде без прашање“, раскажа Турунџиева за нејзиниот прв сопруг, поранешниот пливач Александар Маленко.
Турунџиева во истото телевизиско шоу откри дека со нивната ќерка Лора, која денес и самата е мајка, тој имал ограничен контакт и дека многу малку време поминале заедно.
„На почетокот, додека беше мала и додека ги разбере нештата како стојат, ѝ велев дека татко ѝ нема време, дека е зафатен, дека е на пат. Со тоа се обидов и него да го заштитам, да му дадам можност да се најде себеси што прави и колку треба да промени во врска со неговата прва ќерка. Меѓутоа, не се променија многу нештата. Тој одвреме-навреме како приклучок-исклучок, ќе се приклучи, ќе се исклучи од нејзиниот живот. Веројатно толку можел да даде“, кажа Турунџиева.
Сузана има уште една ќерка од бракот со познатиот скопски угостител Марјан Јовановиќ кој почина ненадејно пред девет години.


