Шпат Касапи денеска беше погребан во Тетово.
Роднини, пријатели и колеги се собраа да му оддадат почест на пејачот во Домот на културата.
Како што објавија домашните, но и светските медиуми, Касапи почина од срцев удар на 40-годишна возраст ненадејно во Италија каде што бил на приватно патување.
Касапи беше ѕвезда во регионот. Кратко беше ангажиран и како советник за култура и општество на првиот вицепремиер во претходната Влада – Артан Груби. Син е на поранешната пратеничка од СДСМ, Ѓилумсер Касапи.
Беше оженет и татко на едно дете.

