Важно! Се огласија од УЈП: Ако сè уште немате поврат на средства, ова треба да го знаете

Управата за јавни приходи денеска се огласи со важно соопштение за сите што скенираат фискални сметки.

Оттаму информираат дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно дека не е прекинат ниту откажан.

„Во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појави технички проблем кој бара целосна преработка на истите. Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка системски се враќа и средствата не се исплаќаат кон сите корисници кои се во ист налог како и корисникот кој извршил промена. Овој предизвик е веќе идентификуван и надлежните служби работат на негово надминување. Целта е да се обезбеди точна и правична исплата за сите граѓани, без исклучок. Исплатата за корисниците со валидни и потврдени податоци е во тек, а за останатите ќе биде реализирана веднаш по завршување на техничката преработка“, пишува во соопштението.

Од УЈП апелираат до граѓаните доколку вршат промена на банка или трансакциска сметка, веднаш да направат ажурирање на податоците во системот. Како што појаснуваат, со тоа ќе се избегнат вакви ситуации во иднина и ќе се овозможи навремена исплата на сите корисници.

Следни Објави

Нема да верувате што ја прашале Турунџиева на улица: Нејзиниот одговор е вистински хит

Сузана Турунџиева гостуваше во ТВ-шоуто „Нешто конкретно“ каде отворено зборуваше за повеќе теми од приватниот живот. Познатата пејачка, водителка и писателка конечно ја откри вистината за првиот сопруг, а раскажа и една нетипична средба што ѝ се случила среде улица. Турунџиева се шетала низ маало со двете ќерки, кога помалата […]