Тијана проговори: Поради него завршив на психотерапија

Тијана Дапчевиќ за српски „Скандал“ открива дека во минатото посетувала психолог поради личност која е многу блиска до естрадата.

Познатата македонска пејачка и актерка вели дека последен пат била кај психолог кога ѝ се развеле родителите, но една личност толку лошо влијаела на нејзиното ментално здравје што морала повторно да побара помош.

„Никогаш ништо лошо немам доживеано од колегите. Можеби од некои луѓе кои се тесно поврзани со естрадата. Ми се случи да доживеам непријатност од не е важно кого, толку што повторно завршив на психотерапија откако ми се разведоа родителите“, раскажува Дапчевиќ.

Како што нагласува, не станувало збор за никакво злоставување.

„Никој мене не ме нападнал. Не е си*ување, не е таа конотација. Нешто многу полошо и апсолутно свесно ми беше направено“, вели Тијана одбивајќи да објасни што всушност се случило, а уште помалку да го открие идентитетот на личноста што ѝ нанела болка.

Тијана во истиот подкаст апелира до луѓето да посетат стручно лице ако поминуваат низ тешки денови.

„Јас постојано гласно зборувам дека треба да се грижи за менталното здравје и дека не е баук и не е табу тема да се зборува за тоа, да се оди да се поразговара со некого ако имаш проблем“, вели таа.

Следни Објави

Важно! Се огласија од УЈП: Ако сè уште немате поврат на средства, ова треба да го знаете

Управата за јавни приходи денеска се огласи со важно соопштение за сите што скенираат фискални сметки. Оттаму информираат дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно дека не е прекинат ниту откажан. „Во процесот на исплата кај дел од спецификациите […]