Светлана Николиќ Цеца е родена во Куманово, од мајка Кумановка и татко од Јагодина. Поради воениот рок на татка си, дел од детството го поминала во Врање, каде што завршила основно музичко училиште. Токму тогаш започнала да свири хармоника и да пее.
Станала дел од еден хор, каде што ја забележал сопственик на хотел во Врање. Воодушевен од нејзиниот талент, тој го повикал нејзиниот татко за да договори настап во неговиот хотел. На само 15 години почнала да настапува.
Животот многу рано ѝ донел низа искушенија.
„Секогаш имаше некакви борби во животот. Едно дете, па друго, останав вдовица на 26 години, па гледав сама како да ги изведам на вистински пат. Се омажив по втор пат, го родив третиот син, за жал разведена.

Сега кога пораснаа, убави и здрави, решив остатокот од животот да го посветам на себе и да ја остварам оваа желба што одамна ја имав“, раскажа Светлана која настапи во последната епизода на шоуто „Никогаш не е доцна“.
За своето прво претставување, таа ја одбра песната „Клео се клео“ од Снежана Ѓуришиќ.

