Дарко Илиевски сподели тажна вест на социјалните мрежи.
Македонскиот пејач кој со години живее и работи во САД објави дека починала неговата мајка.
„Драги пријатели. Со голема болка ве известувам дека денес си замина и мајка ми.. болката е преголема, тишината боли! Ми замина најголемата љубов. Мамo, те сакам најмногу! Чувајте се со тато. Доколку сѐ уште ги имате своите родители, застанете една минута, јавете им се и кажете им дека ги сакате.. еден ден ќе немате можност да го направите тоа“, напиша Илиевски на социјалните мрежи.

Татко му на Илиевски почина во август годинава.
„Почивај во мир, татко мој. Ти беше мојот најголем пример за сила, чесност и борба. Секогаш ќе ја паметам твојата добрина и твојата жртва за нас. Засекогаш ќе ми недостасуваш“, напиша тогаш тој.

Илиевски беше еден од најперспективните пејачи на својата генерација. Публиката најмногу го памети по дуетот со групата ДНК, хитот „Едно тело“.

