Виктор Апостоловски стана татко.
Познатиот македонски пејач, автор и водител го доби првото дете.
Сопругата Милена му роди син, а двојката одбра интересно име.
„Знаете кој дојде, дали знаете кој дојде? Дојде првиот маж во Апостоловци, па уште првиот маж ќе го викаме Адам. Е, тоа е името, ако некој се прашуваше“, радосно откри Апостоловски на социјалните мрежи.
Името Адам потекнува од хебрејскиот јазик и има силни религиозни корени. Се поврзува со идејата за првиот човек според аврамските религии. Историски, ова име има длабоко симболична тежина поради неговото првобитно значење. Тоа е име кое носи силна поврзаност со почетоците и човечката природа. Преку ширењето на религијата, името добило универзална прифатеност во многу култури.

Милена и Виктор се во брак од 2023 година.
Во едно интервју пејачот раскажа дека првпат се виделе во 2019 година, сосема случајно пазарејќи во еден маркет.
„Една насмевка беше доволна“, кажа Апостоловски тогаш.

