Имам две деца, во трошење цели на мајката: Искрено со водителот на „Мерак меана“

Секогаш искрен и со неверојатна смисла за хумор, водителот на омилената фолк емисија која се емитува на телевизија „Сител“ е еден од најпозитивните ликови на македонската естрада.

Домаќинот на „Мерак меана“ е семеен човек, а во една прилика конечно и проговори за своите најблиски.

Трајче Толевски, музичар и скопски угостител познат на јавноста како Трајче Мајка, е во хармоничен брак со Вики и има две деца.

„Место да се нервирате, слушајте си ја женичката. Бадијала се препелкате, пак ќе е по нејзино. Последно нешто што направи Вики е да одам сам на одмор, таа дома да изреновира по нејзина желба, да ми ги намали нервозите ако бев присутен“, раскажа Толевски лани за „Женски магазин“.

На прашањето како ги воспитува своите деца и на какви животни вредности ги учи, тој дава уште поинтересен одговор.

„Имам две прекрасни деца, во трошење цели на мајката, и по ново тие ме учат на животните вредности. Кога им требаме се слушаме, кога им е се ОК, виберот работи“, раскажа тој.

Следни Објави

Цел месец лежел в болница: Македонскиот водител си ја отвори душата

Ване Маркоски својот досегашен живот го дели на пред и по 2017-та година. Познатиот македонски водител си ја отвори душата во ТВ-магазинот „Животна приказна“ и раскажа за здраствените проблеми кои комплетно го промениле како човек. „Бев во болница еден месец. Имав оштетување на црниот дроб, го прочистивме, направивме детокс, се’ […]