Комбинацијата на овие два елементи, според фенг шуи, може да донесе подобри финансии, мир во домот, поддршка, среќа и нови можности
Ако сакате празничното украсување на домот да ви донесе повеќе од убав амбиент, фенг шуи има многу јасни правила, особено кога станува збор за тоа каде треба да се постави новогодишната елка.
Елката е силен симбол на елементот дрво, бидејќи претставува живот, раст, обнова и поврзаност со природата. Нејзината триаголна форма исто така ја активира енергијата на огнот, особено кога е украсена со светкави светилки. Комбинацијата на овие два елементи, според фенг шуи, може да донесе подобри финансии, мир во домот, поддршка, среќа и нови можности, но само ако елката е поставена на вистинското место.
Кое е најдоброто место за елката според фенг шуи? Идеално е елката да стои во една од трите зони што го засилуваат просперитетот:
1. Зона на богатство – горниот лев агол од вашиот стан или соба
Оваа позиција поттикнува финансии, материјална сигурност и изобилство.
2. Зона на слава и репутација – просторот директно спроти влезната врата
Одлична позиција за кариера, углед и остварување амбиции.
3. Зона на семејството – левата страна на просторот
Носи мир, поддршка и ги зајакнува семејните односи.
Триаголниот облик на елката дополнително ја активира енергијата на развој и напредок, па затоа е многу важно да биде во вистинската фенг шуи зона.
А ако мора да ја поставите елката на друго место? Нема проблем, вака ќе ја избалансирате енергијата:
Ако елката е во зоната на кариерата:
– користете сини светилки и украси, додајте црни детали за баланс на енергијата на водата.
Во зоната на децата или важни познанства:
– бирајте метални украси, бели светилки, сјај, сребрени и златни ленти.
Во зоната на љубовта или знаењето:
– многу керамички украси, црвени и жолти светилки,
– избегнувајте бел сјај и светки (премногу метал).
Во зоната на стабилност (земјата):
– нагласете жолти и златни украси,
– ставете жолта ѕвезда или ангел на врвот на елката.
Важно фенг шуи правило: не ставајте украси што не ги сакате
Луѓето често мислат дека елката треба да биде „наполнета“ со сите украси што ги поседуваат. Фенг шуи вели: Никако!
На елката ставајте само украси што ви будат убави емоции. Старите украси што веќе не ви се допаѓаат или ве потсетуваат на лоши периоди треба да ги отстраните. Запомнете: Нови украси = нова енергија, нов почеток.
Што задолжително да додадете оваа година?
Синокафени украси
– носат исклучително поволна енергија во наредната година.
Калинка под елката
– симбол на изобилство, плодност и ширење на среќата.
Фигуричка од лотосов цвет
– знак на духовна чистота, раст и нови почетоци.
Фигури што го претставуваат тоа што го посакувате во 2026 година
(пари, љубов, здравје, патувања…)
Елката, според фенг шуи, не е само декорација. Таа е магнет за нови можности, добри луѓе, радост и внатрешен мир. Затоа е важно да ја поставите со намера и љубов.

