По 15 години в туѓина, се вратила дома: Македонската водителка првпат проговори за ќерката

Пред 15 години, откако се омажила, ќерка ѝ на Ели Танасковска заминала во Канада.

Познатата македонска водителка сега раскажа детали од животот на нејзиното дете и со какви се’ предизвици се соочувала Симона откако заминала в туѓина.

„Замина одовде со политички студии. Одличен студент беше, сакаше да запише постдипломски, но хендикеп беше што го знаеше италијанскиот јазик, а во Канада никој не бараше италијански јазик. На првиот момент рече: ‘Јас мислам дека скоро ќе се вратам назад, бидејќи многу тешко ми оди’. Се качив на авион и веднаш појдов таму“, се присетува Танасковска во ТВ-магазинот „Животна приказна“.

Симона почнала со работа во мол, но бргу го совладала англискиот јазик и почнала да работи во една од најуспешните банки во Канада. По короната многу работи се смениле и, како што откри Танасковска, нејзината ќерка со сопругот и децата одлучиле да се вратат во Македонија.

„Не беше сама, дојдоа уште неколку брачни двојки коишто сите беа успешни во Канада. Дојдоа и мислам дека не зажалија, а јас бев најсреќна“, вели Танасковска.

Следни Објави

Нов почеток за Татјана: Донесе одлука што ѝ го смени животот

Татјана Стојановска ретко ја гледаме во вакво издание Познатата ТВ-презентерка е повторно во фокусот на медиумите. Фотографијата која предизвика огромно внимание на социјалните мрежи ја објави фитнес-инструкторот Кирил Поповски. Очигледно Стојановска одлучила да сврти нов лист во животот и комплетно да му се посвети на вежбањето.