По разводот, нов живот далеку од Скопје: Исповед на Коки кој сега живее со ќерката

По разводот во 2018 година, музичарот Никола Јанков се соочил со тешки животни премрежја.

Едната половина од легендарното дуо „Дуле и Коки“ си ја отвори душата во новото издание на „На кафе муабети“.

Освен за загубата на својот најдобар другар и колега, Јанков првпат отворено раскажа за тешкиот период со којшто се соочил по разводот.

„Сето тоа сега е за добро. Тоа е дефинитивно. Зошто? Не можев да сонам дека ќе си дојдам дома (во родниот Штип н.з.), дека ќе седам со мајка ми и татко ми, со татко ми до последниот миг. Да бев негде на друго место, во не знам каков „идиличен“ брак, тоа ќе го немаше. Среќен сум што сум тука да ја гледам мајка ми. На сето тоа, ќерка ми е веќе втора година (учи медицина во Штип) н.з.) и заедно живееме. И она како мене е со куферчето. Некоја судбина, јас сум цел живот со куферчињата, со опремата што ја носам и цело време патувам“, раскажува Јанков.

Следни Објави

„Што се вели, на раце ми почина“: Дамјан првпат толку искрено проговори за семејната трагедија

После 11 години откако почина неговиот славен татко, Дамјан Стојановски првпат толку искрено проговори за семејната трагедија со која се соочил кога имал само 18 години. Во емисијата „Животна приказна“ раскажа дека болката не може никогаш во целост да помине, но и дека верува оти сега тој е на некое […]