Цел месец лежел в болница: Македонскиот водител си ја отвори душата

Ване Маркоски својот досегашен живот го дели на пред и по 2017-та година.

Познатиот македонски водител си ја отвори душата во ТВ-магазинот „Животна приказна“ и раскажа за здраствените проблеми кои комплетно го промениле како човек.

„Бев во болница еден месец. Имав оштетување на црниот дроб, го прочистивме, направивме детокс, се’ заврши како што треба. Но, од сите тие работи најважната лекција која ја научив е да внимавам повеќе на себе“, кажа Маркоски.

Како што откри, проблемите настанале кога вежбал и пиел суплементација, а во истовреме и излегувал и водел динамичен живот.

Следни Објави

По 15 години в туѓина, се вратила дома: Македонската водителка првпат проговори за ќерката

Пред 15 години, откако се омажила, ќерка ѝ на Ели Танасковска заминала во Канада. Познатата македонска водителка сега раскажа детали од животот на нејзиното дете и со какви се’ предизвици се соочувала Симона откако заминала в туѓина. „Замина одовде со политички студии. Одличен студент беше, сакаше да запише постдипломски, но […]