„Што се вели, на раце ми почина“: Дамјан првпат толку искрено проговори за семејната трагедија

После 11 години откако почина неговиот славен татко, Дамјан Стојановски првпат толку искрено проговори за семејната трагедија со која се соочил кога имал само 18 години.

Во емисијата „Животна приказна“ раскажа дека болката не може никогаш во целост да помине, но и дека верува оти сега тој е на некое подобро место.

„Добро, јас бев спремен на тоа и, што се вика, на раце ми почина татко ми. Иако, многу ме погоди. Тие се и доста ризични години, може дете многу лесно да фати погрешни правци, но сум ја имал поддршката од фамилијата, од мајка ми, од моите браќа, братучеди, чичковци.. не ме оставиле никогаш да забегам“, искрен е пејачот.

Стојановски денес и самиот е татко на две деца, Војдан и Ана.

„Навистина со децата на многу работи забораваш. После настап, кога ќе дојдат да ме разбудат, едноставно се рестартирам“, вели тој.

Следни Објави

На Тони Зен му се роди ќерка: Со сопругата одбраа уникатно име со интересно значење

Тони Зен стана татко по вторпат. Неговата сопруга Валентина се породила на трети декември и на свет донела девојче, дознава „Слободен печат“. Ќерката ќе се вика Дена-уникатно име со хебрејско потекло што означува „суд“ или „правичност“. Двојката го има и шестгодишниот син Јасен.