В недела е голем и тежок ден: Верници, направете го ова

Православните верници ја слават Св. великомаченица Екатерина. Именден празнуваат: Катерина, Ката, Катица…

Света Екатерина потекнувала од царско семејство. Татко и умрел наскоро по нејзиното раѓање, па така таа останала да живее со мајка си во Александрија. Била одлично школувана и надарена со голема телесна убавина. Мајка и која била потајно христијанка ја научила на верата во Христа.

На 18 годишна возраст Катерина била ретко убава, паметна и образована девојка со познавање на филозофијата, литературата, а особено ги совладала медицинските науки.

За време на гонењето на Максентиј, кога света Екатерина имала 18 години била изведена пред суд и погубена заради нејзината истрајност во верата. Пострадала во 310 година.

Нејзините чудотворни мошти се пазат во Синајскиот манастир што го носи нејзиното име. Мошне е позната и почитувана и во Македонија, особено заради силните врски на македонската Црква со Синајскиот манастир.

Постои верување дека секој што сака да ја запознае љубовта на својот живот се моли на оваа светителка. Потребно е да се моли секоја вечер 40 дена и желбата ќе се исполни.

Следни Објави

Сè уште има добри луѓе: Непријатен настан во воз кон Гевгелија, а потоа се случило чудо

Настанот, како што велат граѓаните, е потсетник дека добрите дела сè уште живеат и дека чесноста е вредност што треба да се негува Митка Стојановска го изгубила паричникот во возот кој денеска во 10 часот пристигнал на железничката станица во Гевгелија. Откако преку фејсбук-страницата на еден локален медиум побара помош, […]