Настанот, како што велат граѓаните, е потсетник дека добрите дела сè уште живеат и дека чесноста е вредност што треба да се негува
Митка Стојановска го изгубила паричникот во возот кој денеска во 10 часот пристигнал на железничката станица во Гевгелија.
Откако преку фејсбук-страницата на еден локален медиум побара помош, овој непријатен настан имаше среќна завршница.
„Фала многу, паричникот го нашол мажиновозачот и ни го даде. Има уште луѓе, убав ден и вие и ние“, напиша подоцна во коментар Стојановска под истата објава.
Овој случај уште еднаш покажува дека во нашата заедница постојат чесни и одговорни луѓе кои не се двоумат да помогнат кога е најпотребно. Стојановска упати искрена благодарност до вработениот во железницата, нагласувајќи дека неговиот гест е пример за човечност и добрина.

