Кој е младиот Македонец кој ги маѓепса сите во „Ѕвездите на Гранд“

Откако Дара Бубамара го испофали неговиот изглед, сега Ана Бекута му даде една забелешка

Филип Александровски е роден на 22 јануари 2005 година во Куманово. Завршил гимназија, а моментално е целосно посветен на пеењето, преку кое ја изразува својата емоција и талент.

За себе вели дека е друштвен, упорен и вреден – особини кои му помагаат да истрае на својот музички пат и постојано да напредува.

Како свои музички идоли ги издвојува Саша Матиќ и Адил Максутовиќ, чиј стил и емотивни интерпретации длабоко ги почитува и кои го инспирираат во неговото музичко изразување.

Александровски кој е во тимот на Ѓорѓе Давид синоќа беше подобар во дуелот на „Ѕвездите на Гранд“ и него ќе го гледаме и во третиот круг.

Жирито му беше наклонето. Го пофали и Ана Бекута, но му упати и една забелешка.

„Толку многу убави песни имате и многу ми е жал кога не пеете на мајчин јазик. Одличен беше, изненадувачки добар за само 20 години. Имаш некаков таков пристап, неверојатно“, му порача таа.

Инаку, Дара Бубамара, во едно од претходните изданија на шоутого испофали и физичкиот изглед на Филип.

„Помислив колку си преубав, ми се допаѓа и твојот стил, и тие тетоважи, тоа на страна, но ми се допадна твојот глас, изборот на песни, и помислив дека би можел да бидеш голема ѕвезда, тоа е мое мислење“, кажа Дара.

Следни Објави

На 13 години на насловна: Каролина конечно откри што навистина чувствувала тогаш

Администраторите на фејсбук-страницата на ВБУ Музички регистар често постираат ретро-фотографии од познати македонски пејачи. Нивната последна објава предизвика лавина реакции и коментари, а на истата е поп-ѕвездата Каролина Гочева која позира пред да стане тинејџерка. Сликата подоцна на своите профили ја сподели и самата Каролина, а откри и како навистина се […]