Администраторите на фејсбук-страницата на ВБУ Музички регистар често постираат ретро-фотографии од познати македонски пејачи.
Нивната последна објава предизвика лавина реакции и коментари, а на истата е поп-ѕвездата Каролина Гочева која позира пред да стане тинејџерка.
Сликата подоцна на своите профили ја сподели и самата Каролина, а откри и како навистина се чувствувала тогаш.
„Јас со неполни 13 години за првпат на насловна на Екран. За оние кои не знаат, тогаш Екран беше веројатно најзначајниот пишан музички медиум кај нас. Синоќа кога ми ја испратија сликава во погледот си ја видов возбудата и тремата што како срамежливо и несигурно детенце ја почувствував кога се јавија и кажаа дека сакаат да ме сликаат за насловна. Една недела подоцна, дојдоа дома во Битола, во куќата каде пораснав.

Сликава ме натера и да размислам колку време е поминато од тогаш, заедно со еден куп исполнети и неисполнети желби и соништа, (како и во сечиј живот). Единствено останаа непроменети мојата желба музиката да биде дел од мојот живот и мојата верна придружничка – тремата. Секако, благодарност до ВБУ Музички регистар што постојано изненадуваат со вакви заборавени “blast from the past” моменти. Па дечки, мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, напиша Гочева.

