Во тек е интензивната потрага по 48-годишниот велешанец Стојанче Клифов (48) на кого му се губи секаква трага околу полноќ во сабота кон недела.
Неговата сестра Наташа вели дека брат ѝ живеел заедно со нивните родители и никогаш во минатото не се случило да замине некаде без да им каже каде е.
„Брат ми излегол од дома околу полноќ. Не знаеме како бил облечен, но станува збор за крупен човек, висок 1,83 метри. Од информациите кои ги имаме, тој заминал со такси возило, кое го оставило кај Жито Маркет. Со себе го носел мобилниот телефон, таму каде го оставило возилото му се губи сигналот. Вознемирени сме, замолуваме за помош, секоја информација е добредојдена“, раскажува сестрата на Стојанче за „Викимедиа“.
Таа апелира до јавноста за помош. Доколку некој случајно го забележал или пак има било каква информација, веднаш да се јави во полиција или на нејзиниот мобилен телефон 076 226 323.

