Македонската трансродова пејачка Фифи Јаневска со нејзината последна објава на социјалните мрежи ги вознемири оние што ја следат.
Откако претходно даде свое мислење за шпекулациите кои се појавија во јавноста дека Македонија ќе прифаќа мигранти од Велика Британија, Јаневска сега откри мрачни епизоди од нејзиниот живот кои ја шокираа јавноста.
Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:
Да разјасниме нешто, бидејќи ми излегоа постови од одредени “активисти” и ги прочитав на Фб.
Прво!
Не сум јас “Human rights activist “. Сум само обично човечко битие кое живее на една многу сје*ана планета.
Второ!
Не застапувам ниту една група на луѓе! Се застапувам цел живот само самата себе, бидејќи сите сме различни, и можам само за свои лични права да се борам.
Имам право на слободно мислење и изразување, и според мои лични искуства да формирам одредени погледи на нешта, кон одредени ситуации и прашања.
Четврто!
Само затоа што според општествените норми и вашите гледишта јас вас ви спаѓам во некоја си маргинализирана група на Трансродови лица, тоа не ви дава за право да очекувате дека јас морам да бидам една порцеланска кукла и да се правам дека светот е розево место, па се треба да прифатам и да бидам тотално на лево, и ако мислам поинаку, сите вие кои сте на лево да ме напаѓате. Прво почнете од себе!! Полоши од вас нема очигледно! Ако некој не е истомисленик со вас одма вие напаѓате.
И не! Не сте хумани еве јас да ви кажам!! Тие најмногу што глумите , најмногу од тоа ПРОФИТИРАТЕ ФИНАНСИСКИ! Ајт.

Не ме ставајте во ниедна кошничка, не ме собира мене таму и не припаѓам нигде.
И не ми вадете работи од контекст само за да глумите интелегенција и памет на социјални мрежи. На луѓе кои им е потребна помош со миграција се надевам од се срце дека ќе ја добијат. А на ајдуци и сите други што ја уништуваат културата во Европа и поради кои ни јас не се чувствувам безбедно повеќе да излезам навечер и да шетам им посакувам што побрза депортација!!!
Пс. Три пати бев за малку си*увана во Стокхолм.
Еден од тие пати ми беше ставена дрога во пијачка, од која бев тотално омалаксана и скоро неподвижна!!! И тројцата беа од тие земји таму!!!
Ај секое добро !

