Ги оставил дома колата и мобилниот, па исчезнал: Сега стигна најлошата вест

Охиѓанецот Зоран Трифуноски (57) е лицето чие безживотно тело било пронајдено во поранешни оранжерии.

Трифунофски, кој на трети декември се оддалечил од семејниот дом, беше пријавен за исчезнат.

Од Секторот за внатрешни работи известија дека телото било пронајдено на шести декември, а наредниот ден се утврдило дека станува збор за Трифуноски.

Неговиот брат Димче претходно за „Викимедиа“ изјави дека Зоран во средата се вратил дома, го оставил автомобилот и мобилниот телефон, и пак излегол, по што му се изгубил траг. Тој ја објави неговата фотографија на социјалните мрежи, апелирајќи за помош од јавноста во пронаоѓањето на неговиот брат.

По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција, соопштија од полицијата.

Следни Објави

Ненадејно и сурово: Македонија тагува, денес си замина Викторија

Денес светот стана посиромашен за еден човек… …А ние изгубивме светлина. Викторија денес си замина. Ненадејно. Изненадно. Дури сурово. Како да се скина конецот што ја држеше врзана за сите души за кои се бореше. Тешко е да се прифати дека човек како неа повеќе го нема. Викторија не беше […]