„Ти благодарам за секој миг поминат со тебе“: Искра скршена по смртта на Сашо

Не стивнуваат реакциите во јавноста по ненадејната смрт на 57-годишниот Сашо Наневски.

Нанец, како што го знаеја пријателите, беше познатиот охриѓанец, сопственик на првото модерно кафуле во градот.

Од него со трогателни пораки се простија и многу познати личности, а меѓу нив и познатата водителка Искра Канзурова.

„Охрид го сакам не само поради неговите убавини, туку и поради одредени неповторливи и уникатни луѓе кои живеат само таму. Нанец беше еден од нив. Го знам од дете. Беше фраер со големо Ф. Не како денешниве фраери кои освен пари немаат што друго да понудат. Го сакав неговиот ум, широкост, оригиналност, длабочина.. секој разговор со него беше вистинска школа.

Нанец, ти благодарам за секој миг поминат со тебе. Ќе фалиш бескрајно, Охрид нема да е ист без тебе, а и ние што те знаевме никогаш нема да бидеме тоа што бевме со тебе“, напиша таа на социјалните мрежи.

Следни Објави

Прва исповед за разделбата со сопругот: Македонската пејачка е мајка на три сина

Наде Талевска е едно од најзвучните имиња на домашната оперска сцена, но јавноста ја препознава и како позната поп-пејачка со значајни признанија на македонските фестивали. Освен на работата, таа е максимално посветена на своите три сина, Максим (12), Михаил (10) и Матео (8). „Не би била искрена ако кажам дека […]