Прва исповед за разделбата со сопругот: Македонската пејачка е мајка на три сина

Наде Талевска е едно од најзвучните имиња на домашната оперска сцена, но јавноста ја препознава и како позната поп-пејачка со значајни признанија на македонските фестивали.

Освен на работата, таа е максимално посветена на своите три сина, Максим (12), Михаил (10) и Матео (8).

„Не би била искрена ако кажам дека е лесно да се биде самохрана мајка, но задоволството е неискажливо кога сведочиш на тоа како твоите деца се развиваат во прекрасни и одговорни индивидуи. И се разбира дека сум ѝ неизмерно благодарна на мојата мајка, која е секогаш покрај мене и безрезервно ме поддржува и ми потпомага за сè во животот“, раскажува Талевска во интервјуто за „Слободен печат“.

Таа првпат зборува и за разделбата со сопругот Ненад.

„Изминаа веќе неколку години откако нашите животни патишта се разминаа, меѓутоа неспорен е фактот дека тој е посветен и грижлив татко, кој секогаш е тука како голема поддршка на своите синови“, вели пејачката.

Следни Објави

Шеф Никола од „Брза кујна“ сопрен од полиција: Направил сцена за паметење

Познатиот готвач Никола Мишковски е еден од гостите во новата епизода на подкастот „Биди свој“. Популарниот шеф од телевизиското шоу „Брза кујна“ зборува на повеќе теми, а раскажа и една интересна случка што ја доживеал. „Ме сопре полиција на некоја си рација во Скопје, овие што се интервентна, и со […]