Познатиот готвач Никола Мишковски е еден од гостите во новата епизода на подкастот „Биди свој“.
Популарниот шеф од телевизиското шоу „Брза кујна“ зборува на повеќе теми, а раскажа и една интересна случка што ја доживеал.
„Ме сопре полиција на некоја си рација во Скопје, овие што се интервентна, и со фантомки доаѓаат и ме прашуваат дали имам нешто да пријавам во гепек. Им викам дека имам ножеви.. И одма реакција.. Иии ножеви.. Па, им велам.. Ама застанете, чекајте, јас сум готвач, па додека ме познаат кој сум, што сум“, низ насмевка објасни Мишковски.
Инаку, шеф Никола годинава направи драстична промена во својот живот кога одлучи конечно да се ослободи од вишокот килограми.

„Секоја капка пот е чекор поблиску до целта. Пред неколку месеци бев друг човек – истото тело, но без енергија, без сила, без самодоверба. Денес, не само што намалив килограми, туку ја вратив контролата врз мојот живот. Тешко е, да – ама секој ден што ќе се појавиш, секој тренинг, секој избор што го правиш… те гради. Ова не е само трансформација на телото. Ова е борба за подобра верзија од себе“, напиша тој пред неколку месеци.

„Ова е само почеток“, кажа Шеф Никола за трансформацијата.

