Пејачките Тамара Тодевска и Антониа Гиговска, поранешниот кошаркар Перо Антиќ и водителката Маја Поцевска се дел од познатите Македонци кои му дадоа поддршка на еден од нашите најдобри тату-мајстори.
Горан Миќиќ се охрабри и на социјалните мрежи проговори за неговата борба со канцерот.
„Животот не знаеш што ти носи, затоа сакајте ги и почитувајте ги најблиските околу вас. Ослободен од рак. Не ми е цел да ме сожалувате. Ова го постирам со цел да помогнам на некој што му треба било каков совет и каде да се обрати со канцер на тироидна жлезда“, напиша тој на „Инстаграм“.

Миќиќ сподели и повеќе фотографии од болницата во Атина каде што се лекувал.

