„Јас се мажам, јас правам свадба, се разведувам кога се раѓа мојата ќерка и си одам дома кај мајка ми и татко ми..“
Вака ја почнува исповедта македонската инфлуенсерка и претприемачка Љупка Митрова за првиот сопруг.
Таа гостуваше во подкастот „Урок“ кај Сергеј Варошлија и првпат отворено проговори за тој период од нејзиниот живот.
Вели дека ѝ бил првото момче, а претходно имале врска од 5-6 години.
Кога одлучила да се разведе, како што самата раскажува, нејзините родители ѝ ги прекинале сите финансиски примања од нивна страна, па таа продолжила да живее со него по цена дека ќе нема пари за егзистенцијални потреби за неа и нејзиното бебе.
Нејзиниот поранешен маж работел како обезбедување и приходите им биле ограничени.
„Во нашата зграда кадешто живеевме имаше пекара. Си купував панцеротичка, во тоа време беше 20 денари, си ја купував со железни пари и си ја делев на две, за доручек и за вечера. Во тоа време за мене тоа било огромен луксуз“, раскажува таа која си ја отвори душата и за постпородилната депресија.
Митрова со поранешниот сопруг има две ќерки. По разводот, имаше долга врска со Дарко Петковски, првиот Македонец кој победи во регионалното шоу „Големиот брат“.
Годинава, таа се омажи по вторпат откако еден месец порано на сегашниот партнер Георги му кажа „ДА“ во Рим.

Двојката ја круниса љубовта со интимна свадба во еден од најлуксузните ресорти на првиот крак на Халкидики.

