Никој не беше подготвен за ова: Вонредно обраќање на шеф Никола од „Брза кујна“

Македонскиот готвач Никола Мишковски имаше вонредно обраќање на социјалните мрежи.

Фокусот на видеопораката што ја сними е дволичноста на граѓаните, па јавно праша зошто секогаш сме побрзи да судиме, отколку да покажеме поддршка.

Познатиот шеф од „Брза кујна“ не може да верува дека денес му замеруваат што ослабнал, а до вчера го нарекувале „дебел“.

„Се надевам дека со ова видео ќе допрам некого. Јас сум многу здрав, се чувствувам многу здраво и сум многу среќен што дојдов до целта. Од 116 килограми дојдов до 80 и нешто, симнав 37-8 килограми за неполни 6-7 месеци. Не сум болен за тие што мислат дека сум болен“, вели Мишковски.

Следни Објави

Лила конечно го покажа домот: Еден детаљ привлече огромно внимание

Лила Филиповска ја накити елката. Најпознатата македонска водителка и инфлуенсерка конечно го покажа својот дом во празнично издание, а еден детаљ во дневната соба привлече огромно внимание. Станува збор за лустерот со кристали којшто навистина изгледа импозантно. Во видеото што го сподели на социјалните мрежи, друштво на Лила ѝ прават […]