Решил да продаде сè, а сега бара само едно: Илија од Скопје си ја отвори душата во „Никогаш не е доцна“

Илија Балтовски (50) од Скопје мислел дека во тинејџерските денови ќе направи светска кариера, а кога тоа не му успеало, се разочарал.

Решил да продаде сè, а денес бара нова шанса како натпреварувач во шоуто „Никогаш не е доцна“.

„Сè што имав дома продадов, сите инструменти, некои дури и им ги дадов на пријатели. Се обидов дури трипати да студирам, но ете, не завршив. Денес одржувам трафостаници. Би сакал, кога повеќе ќе ме нема, да остане некаков спомен од натпреварувањето. Мислам дека е важно да се биде тука“, кажа тој.

Во вториот круг од натпреварувањето на ветераните имаше огромна трема, што прва ја забележа Тамара Тодевска.

Сепак, многу посигурно ја запеа „Let’s dance“, а прва на нозе ја крена токму Тамара Тодевска како специјална гостинка во жирито. Пејачката го бодреше со сета сила, а Мима Караџиќ се пошегува дека од неа едвај го слуша натпреварувачот.

„Одличен избор, имаме ист музички вкус. Успешен беше во изведбата, само опушти се“, го посоветува Саша Милошевиќ Маре, а Мима Караџиќ повторно се пошегува на сметка на бодрењаето на Тамара.

„Толку беше гласна што тоа е неверојатно. Смирете ја“, кажа актерот.

Тамара подоцна одлучи и пејачки да му даде поддршка. Тие во дует ја испеаја песната „Битола, мој роден крај“.

„Кога има Македонци, секогаш има убаво расположение“, додаде Мима.

Во ревијалниот дел од натпреварувањето Илија доби поддршка и од другар од детството, со кого на сцената на „Никогаш не е доцна“ го отпеа хитот „Ни у твоме срцу“.

Следни Објави

Беа големи другари: Сергеј проговори за Панчо, му се јавил од болницата

Сергеј Ќетковиќ му беше близок пријател на Панчо од „ДНК“. Миленикот на женската публика во регионот призна дека од првиот ден го гледал македонскиот пејач, автор и диџеј како брат. „Знаеш, она чувство кога некого препознаваш на прва, како да го знаеш цел живот.. Твојата добрина, насмевка, љубов, ентузијазам и […]