Тамара проговори за сестра си Тијана: „Најтешко е да бидеш поп во своето село“

Тамара Тодевска беше специјална гостинка во регионалното шоу „Никогаш не е доцна“.

Позади сцената, во интервју за српски „Гранд“, таа проговори за успехот на сестра ѝ Тијана Дапчевиќ која моментално го промовира нејзиниот стендап „Менопауза“.

Тамара претходно присуствуваше на премиерата на монодрамата, па ги сподели впечатоците.

„Беше воодушевувачки, целосно доминираше. Тијана е родена актерка, отсекогаш сум го зборувала тоа. Мислам дека се надмина себеси и едвај чекам да ги видам и сите претстави што следуваат“ – ”, изјави Тодевска.

Таа смета оти Тијана во Скопје ќе биде пречекана на посебен начин.

„Со оглед на тоа што одамна не пеела во Македонија, мислам дека ќе ја пречекаат како актерка, но пред сè како нивна. Тоа нам ни е најважно. Најтешко е да бидеш признат во сопственото село. Кога дома те пречекуваат така како што заслужуваш, тоа за нас значи сè“, објасни Тамара.

Следни Објави

Решил да продаде сè, а сега бара само едно: Илија од Скопје си ја отвори душата во „Никогаш не е доцна“

Илија Балтовски (50) од Скопје мислел дека во тинејџерските денови ќе направи светска кариера, а кога тоа не му успеало, се разочарал. Решил да продаде сè, а денес бара нова шанса како натпреварувач во шоуто „Никогаш не е доцна“. „Сè што имав дома продадов, сите инструменти, некои дури и им […]