Познатата пејачка Биба Додева раскажа дека нејзиниот осумгодишен внук бил спречен да добие оброк во училиштето.
Таа обвинува за нечовечност, а нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост.
„Денеска некојa од кујната во школото на внук ми, решила да не го пушти во кујна и да не му даде јадење затоа што уплатата од вчера се’ уште не ја виделе на сметка. И после комуникацијата со ќерка ми која им ја пратила уплатата скенирана, тие не и ја признале. И тоа по неколку пати замолба од ќерка ми предходните денови да ѝ пуштат некаков примерок затоа што Алекс вирманите не ги донел дома, ги имал некаде заборавено/изгубено. И тоа сметка со полна сума затоа што не одбиле од сумата кога бил болен и не доаѓал на училиште. Истите тие што отруја деца пред некое време. Оставаат дете само, и не даваат да не влезе заедно со другарчињата зошто нели многу ќе им изеде од лебот. Осумгодишно дете. Па, мами*ето ваше, сите нека ве знаат, а јас ќе дојдам скоро и лично ќе ве запознаам! Пу јаз’к“. Од срце им благодарам на наставничките Ивана и Билјана кои си го прибрале Алекс, му земале за јадење и веднаш ја информирале Емануела за ова лудило“, напиша Додева на „Фејсбук“.

