Сергеј Ќетковиќ му беше близок пријател на Панчо од „ДНК“.
Миленикот на женската публика во регионот призна дека од првиот ден го гледал македонскиот пејач, автор и диџеј како брат.
„Знаеш, она чувство кога некого препознаваш на прва, како да го знаеш цел живот.. Твојата добрина, насмевка, љубов, ентузијазам и сила ме воодушевуваа и ме охрабруваа секој ден. Имавме многу планови, идеи.. Толку работи што требаше да ги направиме, да ги раскажеме, да ги осмислиме.. Патувај, брате мој, одмори се. Нека ангелите те поведат на подобро место и Господ нека ти подари рајски места. Те сака твојот брат,“ напиша Ќетковиќ на социјалните мрежи кога Панчо почина.

Сергеј минатата недела без помпа во медиумите допатува во Македонија и присуствуваше на настан посветен на фронтменот на „ДНК“.
Во кратко интервју за „Женски магазин“ Ќетковиќ откри кога последен пат контактирале со Панчо.
„Се слушнавме некаде во јули, кога неговата состојба беше многу подобра. За жал, неговата состојба се влошуваше од ден на ден и ете, сега сме тука за да се потсетиме на него како на еден прекрасен, добар, храбар и голем човек“, изјави тој.

