Македонската актерка проговори за нарушеното здравје на синот и за неговиот татко кој живее во друга земја

Јана Стојановска проговори за синот кој е предвремено родено дете со нарушено здравје.

Актерката, пејачка и поранешна мисица поради грижата за него е помалку активна во својата професија.

Здравствената состојба на синот не сака да ја нагласува, но признава дека во последниве шест години не може да си дозволи подолга проба или филмски сет, зашто грижата за Ненад не сака да ја препушти на друг.

Таткото на Ненад, црногорскиот кошаркар Андрија Бојиќ, во моментов игра и живее во Ниш.

„Андрија е одлично, во моментов игра во Ниш, се дружи со Ненад во секоја можна пригода и се сакаат многу“, вели актерката, која со синот живее во Скопје, во разговор за „Слободен печат“.

Нивното дете е родено на 31 август во 2019 во Букурешт, Романија, во седмиот месец, откако сосема неочекувано, два месеца пред терминот за породување, на Јана ѝ пукнал воденикот.

Следни Објави

Ретка слика на Владо Јаневски со мајка му Перса: Ќе се изненадите колку си личат

Интересна слика со Владо Јаневски кружи на социјалните мрежи. Станува збор за ретка фотографија на која популарниот македонски пејач и автор позира со мајка си. Истата е исечок од списание, а под неа стои легенда: „Вистински наследник на својата мајка: Владо и мајка му Перса“. Јаневски веќе петта година живее […]