Тажна вест споделија од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Виница.
Со неверување и длабока тага ја примиле веста за прераното заминување на нивниот сопартијец Ратко Даневски.
„Ратко беше искрен поддржувач, посветен член и пред сè човек со големо срце, кој остави длабока трага меѓу своите сограѓани и сопартијци. Неговото заминување претставува голема загуба за сите нас. Ќе го паметиме по неговата човечност, другарство и посветеност.

Почивај во мир, Ратче! Искрено сочувство до семејството Даневски за големата и ненадоместлива загуба“, пишува во објавата.

