Голема исповед на Марк Де Јонг, славниот Шеф Марк кој откако се прослави во „Брза кујна“ има одлична гледаност и со неговото авторско кулинарско ТВ-шоу.
Тој гостуваше во подкастот на Давид Давидовски, а тоа што го кажа во шоуто изненади многумина.
На прашањето дали има пробано дрога, Марк даде неочекуван одговор:
„Да. Се’ што има на пазарот го имам пробано. А ич не ми се допаѓаше. И хероин имам пробано. Се’. Ама боцкање не, мене ми е страв.. Инјекција да ми дадат, јас бегам“, раскажува славниот готвач.
Марк дополнува дека никогаш не се навлекол , туку дека едноставно „имал пријатели и имал прилика да проба“.

