Во очи на Свети Никола легнете со оваа молитва за здравје и среќа преку целата година

Пра­вос­лав­ни­те хрис­ти­ја­ни кај нас утре го праз­ну­ва­ат Све­ти Ни­ко­ла Чу­дот­во­рец, све­те­цот заш­тит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите, ап­те­ка­рите, тр­гов­ците, пат­ниците..

Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­по­чи­ту­ва­ни­те светци, a го сла­ват и пра­вос­лав­ни­те и ка­то­ли­ците, но и дел од мус­ли­ма­ните, осо­бе­но во Тур­ција.

Во Ма­ке­до­ни­ја и во све­тот има без­број цр­кви, ма­нас­тири, ико­ни и фрески, кои се по­све­те­ни на овој све­тец.

Мно­гу ма­ке­дон­ски се­меј­ства утреве­чер со бо­га­та посна трпе­за на ко­ја пре­ов­ла­ду­ва­ат ри­ба­та и посни­те сар­ми ќе го просла­ват праз­ни­кот. Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­са­ка­ни­те хрис­ти­јан­ски светци.

Пред спиење легнете си со оваа молитва за Св. Никола.

О, себлаги оче Никола, пастиру и учителу на сите кои со вера прибегнуваат кон твоето застапништво, и усрдно со молитва те повикуваат, побрзај и избави го Христовото стадо од волците кои го растргнуваат и со своите свети молитви огради ја и сочувај секоја христијанска земја од буни, земјотреси, напади на туѓинци и меѓусебни војни, од глад, поплави, пожар, меч, уништување и изненадна смрт, и како што се смилува над тројцата мажи што беа во темница и ги избави од царевиот гнев и посекувањето со меч, така смилувај се и на мене кој и сам се наоѓам во темнината на гревот со ум, зборови и дела, и избави ме од Божијот гнев и вечната казна, па заради твоето посредување и помош, како и заради Своето милосрдие и помош, да ми подари Христос Бог тивок и безгрешен живот во овој свет, и да ме спаси од стоењето од левата страна, а да ме удостои да стојам од десната страна со сите светии. Амин.

Следни Објави

Ми беше срушен сонот да станам мајка: Македонската пејачка проговори за траумата

Македонската пејачка, шминкерка и инфлуенсерка Зои Блаж која веќе подолго време живее во Германија годинава стана мајка. Со ракометарот Тадеј Матијашиќ конечно го добија првото дете кое долго си го посакуваа. Ќерката ја крстија Мариа, а среќната мајка по породувањето призна дека чувствата ѝ се помешани. „Секогаш желбата и искреното […]