Македонската пејачка, шминкерка и инфлуенсерка Зои Блаж која веќе подолго време живее во Германија годинава стана мајка.
Со ракометарот Тадеј Матијашиќ конечно го добија првото дете кое долго си го посакуваа.
Ќерката ја крстија Мариа, а среќната мајка по породувањето призна дека чувствата ѝ се помешани.
„Секогаш желбата и искреното молење успеваат. Пред повеќе од шест години ми беше срушен најголемиот сон, а тоа е да станам мајка. Знаете колку е тешко да живеете со таа помисла, кога доктор ве гледа во очи и ви вика: ‘Со твојата болест не можеш да бидеш мајка’. Ама, никогаш не се откажав од мојот сон, знаев дека ќе успеаме и дека сме заедно појаки.
Бог е тој што одредува кој што ќе има и што заслужува. Фала ти Боже за овој дар, ти ветувам дека ќе го чувам овој дар како мала капка на дланка. Емоциите ми се помешани, некогаш ќе ви раскажам подетално за оваа тема“, напиша таа во емотивната објава на нејзиниот инстаграм-профил.

Зои Блаж пред неколку години откри дека има бениген тумор на хипофизата и детално раскажа за борбата со овој здравствен проблем.

