Емотивни зборови што расплакаа многумина: Дарио скршен по големата загуба

Дарио Панковски објави трогателен статус на социјалните мрежи.

Македонскиот поп-пејач и композитор се прости од Драган Б. Костиќ кој, како што пишува, бил негов ментор, идол, едукатор, советник, пријател, другар.. фамилија.

„Драгче мој, да не беше Ти, немаше своевремено да се слушне за мојот прв бенд Бон-Тон, а благодарение на тоа и започна целата моја музичка приказна. Ти благодарам. Да не беше Ти, немаше денес да се сеќавам на буквално безброј минатите ноќи кај Тебе дома во преслушување на најновите плочи, гледањето и навивањето на Евровизии, бескрајните разговори и совети до раните утрински часови, редовното заедничко пешачење од диско до дома и најнајнајубавите вечери што ни ги подари во диско “Турист” кога мислевме дека сме на врвот на светот. И знаеш што? Кога сега убаво ќе размислам, и навистина бевме, само што тогаш не сме го знаеле тоа. Ти благодарам.

И конечно, да не беше токму Ти, немаше да ја запознаам мојата Бојана и да ги имаме овие прекрасни заеднички 40 години. Ти благодарам. Затоа Драгче мој најдраг, нека Ти е вечна слава! Ти благодарам за се’!“, напиша Панковски.

Следни Објави

Трагедија го сплоти градот во тишина: Почина ученик од „Св. Кирил и Методиј“

Со длабока тага и болка, вработените од училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино ја информираа јавноста дека трагично го загубиле нивниот ученик Доне Димов. „Во овие тешки моменти, изразуваме искрено сочувство до семејството, роднините, пријателите и сите кои го познаваа. Ќе го паметиме по неговата младост, добрина и присуство […]