Почина Драган Б. Костиќ: Се огласи семејството, зборовите болат

По кратко боледување, на 75-годишна возраст почина легендарниот македонски радиоводител Драган Б. Костиќ.

Тажната вест ја потврди и семејството.

„Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ – сопруг, татко и дедо. Поменот ќе се одржи утре, недела, 21 декември, од 12:30 до 13:30 часот, во капелата на гробиштата Бутел. Семејството изразува искрена и длабока благодарност до целиот тим и раководството на Државната неврохируршка клиника во Скопје, особено до д-р Благоја Шунтов, за грижата, посветеноста и хуманоста. Нека му е вечна слава и спомен. Патувај мирно, Диско селекторе“, пишува во објавата.

Пред два месеца, Петар Георгиевски-Камиказа, фронтменот на групата „Меморија“, ѝ откри на јавноста дека Костиќ води животна битка.

Следни Објави

Пред неполна недела кроеле големи планови: Перо Камиказа проговори за Драган

Петар Георгиевски-Камиказа, кој пред два месеца прв ѝ откри на јавноста дека Драган Б. Костиќ води животна битка, се прости од својот близок пријател со потресни зборови. Фронтменот на групата „Меморија“ и легендарниот радиоводител биле во постојана комуникација. -Пред неполна недела кроевме планови како треба да изгледа серијата за „Меморија“, се […]