Почина познатиот македонски актер Лазе Манасков.
Тажната вест ја објавија неговите колеги од Драмски театар.
„Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денес. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!“, пишува во објавата.
Манасков е роден на 27 март 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година се вработил како актер во Драмскиот тетар – Скопје и работел сѐ до неговото пензионирање во 2022 година година. Неговиот син Иван е режисер, а Симон е актер.

Публиката најмногу го памети по улогите Баже во „Солунски патрдии“, Рефет во „Трст виа Скопје“, Сотир во „Погрешно време“, Комшијата во „Големи и мали“..

