Трагедија го сплоти градот во тишина: Почина ученик од „Св. Кирил и Методиј“

Со длабока тага и болка, вработените од училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино ја информираа јавноста дека трагично го загубиле нивниот ученик Доне Димов.

„Во овие тешки моменти, изразуваме искрено сочувство до семејството, роднините, пријателите и сите кои го познаваа. Ќе го паметиме по неговата младост, добрина и присуство меѓу нас. Нека почива во мир“, пишува во објавата споделена на социјалните мрежи.

Димов го загуби животот во сообраќајна незгода во село Тимјаник, кога со мопед удрил во бетонски столб.

„Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино“, соопштија од МВР.

По трагедијата, неготинскиот фолклорен ансамбл ,,Ацо Ѓорчев” го откажа новогодишниот концерт.

„Причината е трагичната загуба на нашиот 17-годишен сограѓанин, другар и пријател на децата од ансамблот. Во овие тешки моменти, сметаме дека нема место за славење, туку за тишина, почит и сочувство. Изразуваме најискрено сочувство до семејството, блиските и сите погодени од оваа ненадоместлива загуба. Ансамблот останува обединет во поддршката и споменот на еден млад живот прерано згаснат. Ви благодариме за разбирањето“, објавија од ансамблот.

Следни Објави

Притисок врз продукцијта во „Ѕвездите на Гранд“, вмешан македонски кандидат

За првпат во оваа сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, во вториот круг беше забележан изедначен резултат 6:6, што значи дека, покрај жирито, и продукцијата им додели гласови на кандидатите. Одличен настап на големата сцена имаа кандидатот на Цеца Ражнатовиќ, нашиот Иван Милевски (26) од Велес, како и пуленот […]