Мајка и ќерка исчезнаа: Мистеријата од Куманово што никој не може да ја реши

Кога седумгодишната Елиф Идиќ од Куманово, не заминала на првиот училишен ден во септември, 2022 година, нејзиниот чичко Шабан, а и останатите роднини од страна на татко ѝ, кој тогаш бил во Германија, сфатиле дека нешто не е во ред.

Нивните грижи станале уште поголеми, откако не успеале да стапат во контакт со мајката на Елиф, тогаш 32-годишната Сабина Сабединовска, и веќе на трети септември во полиција пријавиле дека девојчето и мајката се исчезнати.

Девојчето секоја втора недела поминувало време со роднините на таткото, а чичкото Шабан беше избезумен поради исчезнувањето.

Родителите на Елиф биле разведени, а осум месеци пред исчезнувањето, во домот на Сабина се вселил извесен Дехран К. (42) од Србија, кој дошол да работи во Куманово.

По исчезнувањето на мајката и ќерката, и него го снемало. Шабан успеал да ја најде сестра му, која живеела во Германија, но таа тврдела дека ниту го има слушнато Дехран, ниту пак знае каде е.

-Откако двете ги снема, Дехран неколкупати потоа бил забележан низ Куманово, а потоа и него го снема. Стравуваме од најлошото, тој ја малтретираше Сабина, а имаме сознанија и дека бил сторител на кривични дела во Србија. Дали тие се живи или не – прашуваше чичкото.

Целиот текст прочитајте го на ВИКИМЕДИА

Следни Објави

Почивај во мир, драг наш Васе: Македонија тагува, си замина најдобриот

Почина Васил Рингов, легендата на македонскиот фудбал. На 70-годишна возраст, по кратко боледување почина поранешниот македонски и југословенски репрезентативец. Рингов беше еден од најдобрите македонски фудбалери. Дебитираше во Беласица, а подоцна го носеше дресот на Партизан, Тетекс и Вардар. Токму со „црвено-црните“ ја имаше најуспешната фаза од кариерата, настапувајќи на […]