Почивај во мир, драг наш Васе: Македонија тагува, си замина најдобриот

Почина Васил Рингов, легендата на македонскиот фудбал.

На 70-годишна возраст, по кратко боледување почина поранешниот македонски и југословенски репрезентативец.

Рингов беше еден од најдобрите македонски фудбалери.

Дебитираше во Беласица, а подоцна го носеше дресот на Партизан, Тетекс и Вардар. Токму со „црвено-црните“ ја имаше најуспешната фаза од кариерата, настапувајќи на повеќе од 200 првенствени натпревари и реализирајќи 93 погодоци.

Се огласија и од Фудбалската репрезентација на Македонија.

„Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство. Има луѓе што не си заминуваат. Само се повлекуваат чекор наназад, за да нè гледаат од тишината. Васил Рингов беше од тие. Тивок, исправен, свој. Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност. Не зборуваше многу, ама кога зборуваше, имаше тежина. Кога работеше, оставаше белег. Денес останува споменот за човек кој веруваше дека делото е поважно од зборот, а чесноста посилна од секој резултат. Како што велат, некои си одат, ама остануваат во игра. Почивај во мир, драг наш Васе“, пишува во објавата.

Следни Објави

„Три месеци болка, солзи и маки“: Моника искрено проговори за загубата на мајка си

Моника Станојкова се соочи со огромна семејна трагедија. Таа на социјалните мрежи се прости од нејзината мајка со трогателна посвета. „Мајче моја, срцето ми се кине што те гледав како се бориш и тивко трпиш. Три месеци болка, солзи и маки што не ги заслужуваше. Сега те пуштам да одмориш… […]