Елена Јовческа на Митровден го доби најубавиот дар-стана мајка.
„Ова е најубавиот ден во мојот живот. Среќата е неизмерна, а зборови навистина нема што можат да ја опишат оваа емоција. Благодарна сум на целиот медицински тим кој беше со мене во секој момент“, изјави популарната македонска пејачка и гајдаџијка по породувањето.
Ќерката ја крсти Талија. Како што раскажа, сакала нејзиното дете да носи име со посебна енергија, нешто што ќе ја инспирира низ животот.
Јовческа сега конечно го покажа своето чедо.
Таа објави празнична фотосесија, а под фотографиите напиша „Моето сонце“.

