Моника Станојкова се соочи со огромна семејна трагедија.
Таа на социјалните мрежи се прости од нејзината мајка со трогателна посвета.
„Мајче моја, срцето ми се кине што те гледав како се бориш и тивко трпиш. Три месеци болка, солзи и маки што не ги заслужуваше. Сега те пуштам да одмориш… Нема веќе болка, нема страв, нема ноќи без сон. Само мир, тишина и светлина. Ти ми беше сè – засолниште, сила, љубов без услови. Без тебе светот ми е празен, а душата ми плаче. Ќе ми недостасуваш во секој здив, во секој ден, во секоја тишина. Чувај ме од небото, мајче моја“, напиша таа.

Станојкова на социјалните мрежи има илјадници следбеници и е позната под уметничкото име Моника Стар. Пошироката јавност ја запозна по учеството во регионалното реално шоу „Елита“.

