Мистерија во Кавадарци: Кој е човекот кој исчезнува на пет дена, па се враќа дома како ништо да не се случило

Потрагата по 40-годишниот В.Ц. од кавадаречкото село Раец, која траеше пет дена, заврши без трагичен исход.

Откако неговата сестра на 22 декември го пријавила за исчезнат, полицијата интензивно преземала мерки за негово пронаоѓање.

Вчера, истата таа ја известила полицијата дека нејзиниот брат се вратил во семејниот дом, жив и во добра здравствена состојба.

Информацијата за Викимедиа ја потврдија од СВР Велес, но, како и во претходните слични случаи, не се соопштени детали за тоа каде престојувал мажот за време на неговото отсуство.

Интересно е што ова не е првпат В.Ц. да исчезне. И во минатото, неговата сестра повеќепати пријавувала исчезнување, а сценариото секогаш било исто – по точно пет дена, тој се враќал дома без видливи последици.

Следни Објави

Елена советува како да привлечете пари на новогодишната ноќ: Дајте ги со десна, но..

Рускиот духовен водач Елена Христафарида открива три интересни ритуали кои ако ги примените во точно определено време во очи на новогодишната ноќ, многу е веројатно да ви донесат подобра, посреќна и побогата 2026-та. Таа советува дека е задолжително да се ослободите од непотребните работи. Вели дека не случајно во некои […]