Советот на Општина Македонска Каменица на денешната четврта седница донесе одлука за прогласување тридневна жалост на територијата на општината, по повод смртта на сограѓанката Симона Каранфиловска.
Согласно одлуката, за денови на жалост се прогласуваат 30 и 31 декември 2025 година и 1 јануари 2026 година. За време на овие денови, ќе бидат одложени сите манифестации и настани од забавен карактер поврзани со новогодишните празници.
Одлуката се темели на фактот дека Македонска Каменица, како мал град, е потресена од смртта на Симона Каранфиловска, која била бремена, а починала вчера на 31-годишна возраст, што значи згаснати два живота.

Од Каранфилофска се простуваат нејзинте сограѓани на социјалните мрежи.
„Ќе те паметиме по твојата добрина, насмевка и светлина што ја ширеше околу себе. Твоето присуство ќе недостасува, но спомените ќе живеат вечно во нашите срца. Почивај во мир“, пишува во објавата на „Каменица 24“

